Директорот на ФБИ: Нема да има обвинение против Хилари Клинтон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Директорот на ФБИ, Џејмс Комеи пред американскиот Конгрес изјави дека прегледуваето на новооткриените имејл пораки на Хилари Клинтон не го промениле заклучокот на Федералното биро од јули оваа година, односно дека не е покренато обвинение против кандидатката на Демократската партија за нејзината употреба на приватен имејл сервер кога била државен секретар на САД.

Републиканскиот конгресмен Џејсон Чафетц потврди дека Комеи го информирал Комитетот за надзор на Конгресот за неодамнешниот заклучок на ФБИ.

Писмото на Комеи до Конгресот на 28 октомври, во кое тој ги информира законодавците за новооткриените имејл пораки поврзани со употребата на приватниот сервер на Клинтон, доведе до превирања во претседателската трка против републиканскиот кандидат Доналд Трамп, пред гласањето на 8 ноември.

Во деновите што следеа анкетите на јавното мислење покажаа дека Клинтон губи значителен дел од предноста во однос на Трамп. Тој на неговите собири постојано ја критикува Клинтон за проблемот со мејловите, велејќи дека трба да биде обвинета за злоупотреба на класифицирани информации.