Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Горан Трајковски, кој беше директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци, во петокот доставил барање за престанок на функцијата директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци до Собранието на Република Северна Македонија. Во барањето, Трајковски вели дека оставката е од лични причини, пренесува Радио МОФ.
„Во изминатиот период раководејќи со Дирекцијата за заштита на лични податоци, силно помогнат од вработените, Собранието и соодветните владини институции успеавме да покажеме и докажеме дека слабостите се препознаени и истите согласно најдобрите европски практики во областа на заштитата на личните податоци знаеме и можеме да го поставиме согласно европските вредности“, стои во понудената оставка на Трајковски.
Тој во барањето посочува и дека неговата работа во Дирекцијата била предмет на редовните годишни извештаи до Собранието, каде низ комисиските и пленарни дискусии била поздравена работата на ДЗЛП. Траковски го повика Собранието што поскоро да го донесе новиот Закон за заштита на личните податоци кој е целосно усогласен со новата општа регулатива за заштита на личните податоци на ЕУ.
Трајковски беше назначен за директор на ДЗЛП во 2016 година, а претходно скоро десет години се наоѓаше на директорската функција во Управата за јавните приходи.
Неговото име беше најпрепознатливо во јавноста кога УЈП ги блокираше сметките на А1 телевизија во 2011 година, што на крајот доведе до затворање на еден од највлијателните медиуми во земјата.