Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во Баерн Минхен ќе сакаат што побрзо да ги заборават изминатите денови!
Покрај тоа што не успеаа да се пласираат во финалето од Лига на шампиони, пред натпреварот против Реал Мадрид, финансискиот директор Јан-Кристиан Дресен доживеал срцев удар, пренесуваат гермнаските медиуми.
Најпрво медиумите пишуваа дека на Дресен само му се слошило, меѓутоа се испостави дека работите се полоши, па на крајот животот му го спасил клупскиот доктор Роланд Шмид.
Лакарите во мадридската болница успеале да му ја стабилизираат состојбата, а потоа овој 47-годишен службеник на Баерн бил транспортиран во Минхен и опериран.
Дресен работи во Баерн од 2013 година, а со баварскиот гигант има договор до 2023 година.