Директорката на охридската болница разрешила докторка за да си го унапреди сопругот?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Директорката на Кардиолошкиот завод „Св. Стефан“ – Охрид, Гордана Донеска, ја разрешила докторката Весна Фортоманова-Милеска за да го унапреди својот сопруг докторот Стефан Донески.

Иако директорката тврдеше дека докторката Фортоманова-Милеска била разрешена бидејќи одела на субспецијализација, „Макфакс“ дознава дека станува збор за реваншизам бидејќи ваква пракса не постоела во болницата затоа што докторката и покрај субспецијализацијата, можела да ги извршува нејзините работни обврски.

„Од медиумите дознав зошто сум разрешена. Во образложението што го добив од службеник пишуваше дека има право да ме разреши. Моментно не сум распределена на ниеден оддел“, вели докторката Фортоманова-Милеска во кус разговор за „Макфакс“.

Докторката Весна Фортоманова-Милеска била разрешена пред три недели, а истовремено за раководител на секторот директорката го поставила својот сопруг. „Макфакс“ дознава дека директорката користи разни аршини кога во прашање се прераспределбите и разрешувањата. Докторката е на супспецијализација веќе девет месеци, а разрешувањето од функцијата било пред три недели, со што во јавноста се отвора дилема зошто докторката е разрешена токму сега.

Според информациите што ги имаме, Фортоманова-Милевска била член на Управниот одбор во болницата, каде што била едногласно избрана за пред еден месец да даде оставка од функцијата. Таа го потврди ова, но не сакаше да ги коментира причините. Според она што го кажуваат вработените во болницата, причината за оставката е тоа што директорката Донеска ѝ вршела мобинг.

Докторката Весна Фортоманова-Милеска, која е магистар по кардиологија и доктор што има 17 години работно искуство во болницата, е една од ретките што нема ниту според хиерархијата најдолно раководно место и е целосно дисфалификувана. Истовремено, сопругот на директорката и доктор Стефан Доневски ја доби втората највисока функција во болницата.