Директорката на Инфективна клиника: Оние со лесни симптоми на КОВИД-19 да останат дома, во болниците да има место за критичните случаи


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ, апелираше дека  е почната е хоспитализација на пациенти во модуларната болница во непосредна близина на Kлиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Постои систем на мобилизирање медицински персонал, како среден медицински персонал, така и лекарски и специјалистички. Во моментот на испомош се дојдени колеги од интернистичките гранки и тоа е практично една екипа, еден тим кој работи и во клиничката зграда и во модуларната болница. Тоа е всушност една институција сега, додава Стевановиќ

Таа посочи дека модуларната болница има капацитет од 70 кревети, целосно е опремена за третман на пациентите со Ковид-19 и има централен довод на кислород до секое легло.

Стевановиќ апелира за придржувањето кон мерките како единствен начин за лична заштита и превенција од ширење на вирусот.

– Истите мерки важат насекаде во светот, многу едноставни и лесни за придржување. Само треба дисциплина, а таа сега ни е исклучително потребна. Држете дистанца, избегнувајте групирања, носете маска. Едноставно мораме да издржиме, заради нас, заради вас, заради нашите и вашите семејства. Граѓаните мора да ни помогнат, потенцира д-р Стевановиќ и додаде дека здравствените работници мора да ја издржат оваа битка.

Дополнително, таа апелира инфицираните со Ковид-19 во целост да ги следат препораките на стручните лица, матичните лекари.

– Сите оние кои имаат лесни симптоми да бидат дома, изолирани со симптоматска и витаминска терапија. Да им помогнеме на оние кои навистина имаат потреба од хоспитализација, додаде д-р. Стевановиќ.