Директорите на ковид-центрите тврдат: Доцна е и нема потреба за нови рестриктивни мерки – нема да дадат резултати


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На денешната средба на министерот за здравство, Венко Филипче, со директорите на ковид-центрите, било констатирано дека нема потреба од воведување нови дополнителни рестриктивни мерки, бидејќи тие не би дале резултат зашто се наоѓаме во шестата од вкупно осумте недели од третиот бран, а болничките капацитети за прием на ковид-пациенти се зголемени за 50 отсто во однос на ноември, поради зголемената потреба од хоспитализација, пренесува 360 Степени.

На располагање има и уште стотина кревети кои дополнително се подготвуваат за прием на ковид-пациенти, ако за тоа има потреба.

Ова е заклучокот од денешната средба на министерот за здравство Венко Филипче со директорите на ковид-центрите и претседателот на Комисијата за заразни болести за епидемиолошката состојба во земјава.

Според епидемилозите, вирусот има широка инфекција на територија на цела држава, а во сите болници низ земјата има слободни кревети, терапијата се доставува без застој и поради тоа нема потреба од воведување нови дополнителни рестриктивни мерки.

„Тие не би дале резултат зашто се наоѓаме на крајот на активноста на респираторниот вирус, односно на шестата од вкупно осум недели од третиот бран. Тоа значи дека вирусот има широка инфекција на територија на цела држава, но од друга страна во сите болници во државата има слободни кревети“,

се вели во соопштението од Министерството за здравство.
Комисијата за заразни болести го откажа за утре состанокот што требаше да се одржи денеска. Во моментов за епидемиолошката состојба се разговара на седница на Советот за национална безбедност.