Home Актуелно Директор на затвор на Филипините наредил ликвидирање на новинар

Директор на затвор на Филипините наредил ликвидирање на новинар

Властите на Филипони денеска го обвинија директорот на еден од затворите во земјата дека наредил убиство на познат радио новинар.

Персивал Мабаса (63) беше убиен на 3 октомври на пат до радио-студио во предградие на Манила.

Директорот на затворската управа, Џералд Бантаг, наводно го наредил убиството на новинарот затоа што во својата емисија „изнел проблеми поврзани со него”.

Осомничениот вооружен напаѓач Џоел Ескоријал им се предаде на властите минатиот месец плашејќи се за својата безбедност, откако полицијата ја објави неговата фотографија пренесена од видео снимка, изјавија официјални лица.

Персивал Мабаса, познат под името Перси Лапид, отворено го критикуваше поранешниот претседател Родриго Дутерте, како и политиката на владата на неговиот наследник Фердинанд Маркос Јуниор.

Филипините се една од најопасните области за новинарите во светот, а повеќето од сторителите на убиствата никогаш не се осудени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…