Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Златан Ибрахимовиќ своевремено го направи еден од најголемите трансфери во историјата кога од Интер се пресели во Барселона.
Сепак, работите на „Камп Ноу“ не се одвиваа најдобро за Ибрахимовиќ, па го напушти клубот после само една година, иако на почеток одлично ја започна сезоната.
Медиумите тврдеа дека тоа е поради неговиот нарушен однос со Гвардиола, но вистинската причина беше всушност недоразбирањето со првата ѕвезда на Каталонците, Лионел Меси.
Поранешниот директор на Каталонците за маркетинг, Марк Ингла сега открива дека имало недоразбирање помеѓу двете големи ѕвезди.
„Зошто не му одеше добро на Златан во Барселона? Швеѓанецот е вистински ѕвер, неверојатна машина. Но, во Барселона беше покрај друга машина, малку помала од него. Беше многу статичен за тој систем на игра на Барселона и на Меси му беше потребен поголем простор за движење во нападот. Златан му затвораше голем дел од просторот со својата игра. Имаше недоразбирање на таа тема“, открива Ингла.