Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Најпрвин еврокомесарот за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан, утре ќе оствари средби со македонскиот политички и државен врв во Скопје. А во петок пристигнува и американскиот „политички булдожер“, помошник државниот секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер.
Според официјалната агенда на Хан, ќе се разговара за реформите поврзани со евроинтеграцијата на земјава и очекувањата наесен да биде одрен датум за почеток на пристапните преговори.
Во петок во Скопје треба да пристигне и помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер. Тој доаѓа од Атина каде што имаше средби со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, како и со поранешниот премиер, Алексис Ципрас.