Дипломатски скандал: Дипломат на БиХ во Србија со спуштени гаќи (фото)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Скандалозно селфи на советникот на амбасадорот на БиХ во Србија, Зоран Перковиќ предизвика хаос во Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина. Дипломатот со мобилен телефон се сликал во купатило, со крената маица и спуштени пантолони со што со сигурност ќе ја изгуби позицијата во дипломатската мисија.

Според босанските медиуми, за Перковиќ, кој е втор човек во амбасадата во Белград и порано се врзувале низа скандали и афери. Медиумите наведуваат дека после војната, тој бесправно се вселил во стан на српско семејство во Сараево, и со години пронаоѓал разни начини да го спречи враќањето на нелегално присвоениот имот.

Перковиќ до неодамна беше помошник министер за надворешни работи на БиХ замеѓународно-правни и конзуларни работи.

Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Игор Црндак вчера останал без текст откако му била покажана фотографијата на Перковиќ.

Верувајте ми дека дури сега ја гледам оваа фотографија. Во овој момент немам никаков коментар, изјавил Црндак.

Зоран Перковиќ, пак, за медиумите изјавил дека не се сеќава дека некогаш ја направил скандалозната фотографија и тврди дека се работи за фотомонтажа.

Порталот кој што ја објави фотографијата веќе долго време води кампања против мене, така да не ми преостанува ништо друго освен да се посоветувам со адвокат и да побарам правна заштита. Што се однесува за наведената фотографија, сигурно се работи за фотомонтажа. Главата и вратот се мои, но остатокот е монтиран, тврди Перковиќ.