Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Бившата прва дама на САД, Мишел Обама, периодов е зафатена со промоција на нејзината книга „Becoming“, а со своите ангажмани и медиумско присуство остана атрактивна за јавноста и по напуштањето на Белата куќа.
Едно од највпечатливите медиумски појавувања на Мишел периодов е она за новото издание на магазинот „Elle“, каде интервјуто кое на Мишел ѝ го направи Опра е збогатено со фантастична фотосесија во која Мишел ги има и едни од најдобрите стилски изданија.
За насловната страница Мишел е облечена во модел од Dior, истовремено пренесувајќи чувство на моќен и шик изглед.
Во разговорот со Опра, Мишел зборува и за нејзиниот однос кон самата себе, укажувајќи на тоа дека нејзината автентичност и допадливост е во тоа што пред сè се сака себе си и ја сака својата приказна со сите нејзини недостатоци.