Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Деновиве на Фејсбук страната кошаркарската легенда Дино Раџа сподели малку позната ситуација со прерано починатиот Дражен Петровиќ.
„Тешко е да напишеш нешто за Дражен што веќе не било напишано. Сепак, после гледањето на „The Last Dance“ морам да направам споредба. Нема да зборувам за неговите играчки квалитети, бидејќи тоа во оваа ситуација не е ни важно. Само за неговата глава. Сè што има во главата од Џордан, имаше и во главата од Дражен. Затоа и беше тоа што беше. Победник над сè. Понекогаш се губеа натпревари, првенства и титули, но главата беше таа која не дозволуваше предавање и која бескомпромисно туркаше напред. Од него и мојата глава научи многу и несвесно копираше. Кој тогаш имаше поим за било што. И сега, за потврда на сето тоа, една ситуација за која малкумина знаат. Последниот натпревар за Дражен против Словенија во Полска. Тотално небитен, бидејќи игравме финале на квалификации, а првите три одеа на Европско првенство. Значи, натпревар за ништо. Никој не ни треба да игра. Меѓутоа, тоа за него никогаш не беше опција. И секако, после натпреварот кој го изгубивме, ние двајца поштено се испичкаравме. Кој кому не додал, кој не заградил. Тој мене мајката, јас нему исто. И тогаш, другиот ден, тој несреќен пат. Рано наутро, седиме тој, јас и Стојко на иста маса, пиеме кафе. Тој му вели на Стојко да ми каже дека сум идиот, а јас, исто така, преку Стојко, му кажувам дека е идиот. Нема врска што играш, важно или не, секогаш мораше да дадеш 100 отсто. Затоа и беше голем водач“.