Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По цели 13 години поминати во клубот Аријан Адеми го напушти Динамо Загреб и одлучи кариерата да ја продолжи во Кина во тимот на Пекинг Гуан.
Адеми е една од најголемите клупски легенди во историјата на Динамо и држи многу рекорди, па така во хрватскиот гигант одлучија да му оддадат уште едно признание.
Имено, дресот со број „пет“ кој го носеше Адеми привремено ќе биде повлечен, се додека Адеми активно игра фудбал било каде во светот „петката“ во Динамо нема да може да ја носи никој.
„Свесни сме дека во фудбалот е неблагодарно да се повлече еден број. Гледајќи ја историјата на Динамо и легендите кои настапуваа за нашиот клуб и оставиле голема трага, бевме одлучни да не се повлекува ниту еден број. Сепак, клубот донесе одлука дресот со број „пет“ да биде повлечен се додека Адеми не престане активно да игра фудбал, односно додека не ја заврши кариерата. До тој момент дресот со број „пет“ ќе биде резервиран само за него“
„Ова е мал знак на благодарност кој можеме да го искажеме кон Аријан за се што направи во изминатите 13 години. Динамо на овој начин уште еднаш го истакнува значењето кое го имаше нашиот капитен во клубот“, објави Динамо.