Димитров и Захариева постигнаа договор за компромис


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Делегациите на Министерствата за надворешни работи на Бугарија и на Македонија, предводени од министрите Екатерина Захариева и Никола Димитров имаа дводневни консултации за Договорот за добрососедствo и соработка меѓу двете земји.

Разговорите кои што се водеа во Бугарија, како што јавува агенцијата БГНЕС, поминале во конструктивна атмосфера.

Постигната е основа за компромис за Договорот за добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија. Следната фаза е консултации и внатрешни процедури, објави агенцијата.