Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, во интервјуто за белградската ТВ Н1 за време на неговата посета во Белград, потенцираше дека нема да му врати на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ за неговата изјава од минатата недела на прес-конференцијата со Никос Коѕијас, дека е грешка што Србија ја признала Македонија под уставното име.
„Мислам дека таквите изјави не помагаат особено. Ние сме министри на две земји, ги претставуваме двата народа, блиски народи. Имаме заедничка историја во Југославија, ќе бидеме заедно, се надевам во не толку далечна иднина во Европската унија и на некој начин нашата блискост не може ништо да ја расипе. Но, од нас зависи дали ќе има „пецкање“ и повремено „боцкање“ или ќе бидеме како браќа#, рече Димитров.
Одговарајќи на прашањето за Косово, Димитров кажа дека Македонија во спорот меѓу Белград и Приштина не може да биде голем играч.
„Ја делиме границата и во интерес ни е овој проблем да се реши на најдобар можен начин и за двете страни во разговорите во кои посредуваат Брисел и Федерика Могерини. Ние имаме доволно свои проблеми и не би сакал да бидеме колатерална штета на оваа динамика“, рече Димитров за ТВ Н1.
Целото интервјуто на Никола Димитров за ТВ Н1-која е партнер на Си Ен Ен за Србија, Хрватска и БиХ, а кое македонскиот министер за надворешни работи го даде за време на неговата посета на Белград на конференцијата на Европскиот фонд за Балканот, ќе биде емитувано денеска во емисијата „Нов ден“.
Извор. Мкд.мк