Димитров најави пресметка со подземјето по добивање датум за преговори со ЕУ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Првиот човек на македонската дипломатија, министерот Никола Димитров, во соочување со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски на Телевизија 24, тврдеше дека воопшто не е инволвиран во случајот „Рекет“, апелирајќи до Николовски во политичката битка опозициската партија да има доза на пристојност и внимателност.

„Обидот со лаги да ме извалкате или да ме пикате во „Рекет“ е безобразен. Милиметар немам со таа приказна. Планината што доаѓа по датумот за преговори е токму да се справиме со оваа грозна спрега на подземјето. Тоа што излезе од бомбите го немаме сериозно чепнато, а треба и ќе има одговорност“, му рече Димитров на Николовски.

Николовоски во врска со случајот „Рекет“, го праша Димитов како се чувствуавал на владина седница кога седел со луѓе „кои се минимум политички имплицирани“ во случајот или кога има за премиер човек кој е во комуникација со адвокатката на Катица Јанева.

Николовски исто така изјави дека генерално се надева на позитивни вести во однос на добивањето датум за преговори, но посочи дека во моментов имал резерва поради однесувањето на Владата.

„Дали имаме најголем корупциски скандал, рекетирани 20 милиони евра, афери секој ден? Еве и денес има нова афера, претходно имаше и за генералниот секретар на Владата која се обиде да се заташка, поситни афери на локално ниво. Нема ден во кој не зборуваме за корупциски афери“, рече Николовски.

Димотров изјави дека „од петни жили“ се обидуваат да влечат напред, но дека немаат голема помош. Според него, опозицијата постојано шири невистини и создава конфузија во јавноста.