Димитров: Македонскиот јазик нема никаква врска со грчките Македонци


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Министерка за надворешни работи на Република Грција Атанасиа Анагностопулу ја истакна изјавата на Никола Димитров дека македонскиот јазик што го зборуваат граѓаните на Северна Македонија нема никаква врска со јазикот на кој зборуваат грчките Македонци.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерката Анагностопулу сметаат дека отворањето на граничниот премин во Преспа е првиот важен чекор од спроведувањето на историскиот Преспански договор. Овој договор гради мир и доверба меѓу двете земји и решава голем број проблеми што ги создадоа инерцијата и национализмот на двете страни, изјави грчката министерка.

„Затоа ја поздравуваме изјавата на Димитров, бидејќи става крај на какво било заплашување за непостоечки проблеми што наводно би создал јазикот што го признавме уште од 1977 година“, рече Анагностопулу.

Потеклото на министерот Димитров е од Егејска Македонија каде стотина илјади луѓе говорат македонски јазик кој што Грција одбива да го признае, исто како и македонското малцинство кое Атина го нарекува словенско но одбива да му даде било какви права.