Димитров: Македонија без страв влегува во разговорите со Грција


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Македонија не смее да се плаши да влезе во преговори со Грција. Во преговори ќе се влезе со добра верба и без страв, во обид да се надминат разликите, вели министерот за надворешни работи Никола Димитров, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

„Компромис значи кога не го добивате тоа што најмногу го посакувате, кога има извесно отстапување од идеалното решение за двете страни, подразбира и исчекор од двете страни, и бидејќи сме во Европа, во 21 век, компромис е единствено можен ако двете страни можат да излезат од проблемот со исправена глава. Тоа значи дека клучните грижи на Македонија и клучните грижи на Грција, треба да бидат покриени“, истакна Димитров.

„Ние кога размислуваме за ова прашање, прво треба да размислуваме за нашето достоинство и за тоа каде сакаме да ја видиме Македонија, пет или 10-15 години од денес. Ако има целосно победена страна, тоа нема да биде добро ниту за победникот, ниту за губитникот, бидејќи тоа ќе развие ужасен национализам. Значи, мора да најдеме начин двете страни да излезат со чувство дека најважното го заштитиле“.

„Македонија не смее да се плаши да влезе во овие преговори, и ние ќе влеземе во овие преговори со добра верба, во обид да ги надминеме разликите. Истовремено нема да преговараме од страв и не можеме да излеземе со решение што нема да ни ги покрие главните грижи. Јас кога бев преговарач за името во 2006 од амбасадор на една значајна членка на НАТО уште пред да се преименува аеродромот добив порака дека овој потег најверојатно ќе ни го искомплицира патот кон НАТО“, рече меѓу другото Димитров.