Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Преговорите меѓу Македонија и Грција за отворените прашања што ги наметна јужниот сосед како што се името, границите и училишните текстови се уште не се почнати. Министерот за надворешни работи, Никола Димитров вели дека овие прашања кои со години се оставени настрана се бетонирани и дека е потребна посветеност за решавање на овие прашања.
Димитров бара да се интензивираат билатералните средби со неговиот грчки колега, Никос Коѕијас со цел да се намалат нејаснотиите. Според него, група историчари од македонска и грчка страна треба да се сретнат за да разменуваат ставови во врска со тоа како овие две држави меѓусебно се гледаат.
„Оспорувајќи ги границите и фалсификувајќи ја историјата не можете да влезете во ЕУ“. Ова е пораката на грчкиот претседател Прокопиос Павлопулос на денешната средба со спрскиот претседател Александар Вучиќ“, изјави Никола Димитров, министер за надворешни работи
„Доколку таа држава користи име кое ја фалсификува историјата, тоа не е во согласност со европските принципи. Не е прифатливо кога една држава вели дека сака да влезе во ЕУ, а ги оспорува постоечките граници. Тоа доведува до иредентизам и им наштетува на европските перспективи, а Грција тоа нема да го поддржи“, рече Прокопиос Павлополус, претседател на Грција
По иницијатива на грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕијас, на 4 и 5 октомври во Солун ќе се сретнат шефовите на дипломатиите на Албанија, Бугарија и Македонија со цел зајакнување на регионалната стабилност и соработка.