Димитриевски за контроверзните тендери: Не уривавме режим и криминал за да ни се случува дежаву!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кумановскиот градоначалник е еден од ретките високи функционери на владејачката партија кој со критика излезе по контроверзните тендери и грантови кои ги добија лица од највисокото раководство на СДСМ.

„Ниту јас, ниту премиерот Заев, ниту сопартијците, симпатизерите и сограѓаните, уривавме режим, криминал, беззаконие, корупција, за да на сите нас ни се случува дежаву“, реагира кумановскиот градоначалник од редовите на СДСМ Максим Димитриевски, во однос на информациите дека новоформираната компанија треба да добие тендер во здравството тежок 35 милиони евра, а компании каде уддел имаат Кочо Анѓушев и Хари Локвенец добиле грант од Фондот за иновации.

„Доколку и еден промил од овие тешки обвинувања за тендерите, грантовите… е точен, мораме да се свртиме кон нас самите и јавно да ги осудиме и корегираме овие девијантни однесувања! Живот за сите нема да дозволиме да биде живот за некого или живот за мене, бидејќи така многу лесно ќе преминеме на „темната страна“.
Политиката е како атлетика, штафета 4х100. Само еден од тимот да е послаб или немотивиран, целиот тим губи. Јас не сакам ниту ќе дозволам да губи мојот тим – граѓаните на Македонија“, напиша тој на неговиот фејсбук профил.