Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кој освои втор мандат како „татко на градот“, преку Фејсбук статус му „реплицираше“ на генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски кој во емисијата Клик Плус на ТВ21 изјави дека ќе се обидат да го вратат во партијата.
Никој не може да ме враќа во партија од која никогаш немам излезено и согласно статутот на мојата СДСМ сеуште сум член и воедно со нетрпение ја очекувам седницата на ЦО на која ќе разговараме и за мојот статус но и за погубните политики на дел од раководството кои не доведоа во оваа состојба.
На СДСМ му се неопходни радикални промени и трансформации по вертикала и хоризонтала и начинот на практикување на власта, елиминација на лукративно – клиентелистичкиот пристап кои треба да бидат заменети со вистински државотворни политики базирани на идеологија во кои граѓанскиот ќе биде пред партиско – личниот интерес. Ние власта од граѓаните ја добивме за да бидеме различни а не исти или слични со предходните.
Очекувам реализациха на најавените оставки и кадровски смени и во владата но и во партијата бидејќи едно од нашите начела беше и дека “Зборот е збор”.
Граѓанскиот концепт “За наше Куманово” е формиран токму поради различностите со владата и несогласувањата со дел од раководството на нашата партија и убедливо ја доби подршката на кумановчани кои за нас се приоритет во моментов. Оваа силна подршка за мене и луѓето од овој концепт е мотив повеќе за поголема посветенист во трансформацијата на Куманово но и во борбата за поголема демократизација на државата. Изминатиот период притисоците кон мене и нашите подржувачи беа огромни, доаѓаа од луѓе кои се нарекуваат “мои сопартијци”, нема простор за разговор ниту договор со такви кои што срушија се, излегоа од начелата на СДСМ и се користеа со груевистички методи.
Нема да дозволам да бидам дел од нечии игри за собирање на ефтини политички поени, мојот фокус во моментов е да ги реализирам сите ветени проекти за кои што добивме доверба од граѓаните при тоа водејќи се по реални социјалдемократски начела.