Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Американскиот актер Леонардо Ди Каприо се наоѓал на бродот кој успешно го лоцирал и спасил човек кој 11 часа пливал на отворено и му се заканувала опасност да се удави.
Акцијата за спасување се случила на 30 декември минатата година, недалеку од островот Свети Бартоломеј во Малите Антили, пренесува Дејли Меил.
Операцијата за спасување се случи кога капетанот на бродот на кој пловел ДиКаприо слушнал дека 24-годишен француски државјанин паднал од крузер, кој пловел во областа. Актерот, наводно, веднаш се согласил неговиот брод да се приклучи на операцијата за спасување.
Повеќечасовното пребарување во лоши услови било успешно завршено, а човекот е спасен, откако екипажот на бродот на Ди Каприо забележал како некој мавта со рацете во морето.
Подоцна било откриено дека бродот на ДиКаприо бил единствениот кој го барал несреќниот патник на крузерот . Капетанот на бродот на ДиКаприо подоцна изјавил дека можноста да се спаси загубениот била „една во милијарда“.
Во водите околу Свети Бартоломеј, ДиКаприо го поминал периодот помеѓу Божиќ и Нова година, со својата девојка Камила Мороне (22).