ДиКаприо ќе глуми во новиот филм од Тарантино, Бред Пит ја одби понудата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Леонардо ДиКаприо ќе глуми во новиот филм од режисерот Квентин Тарантино, чие дејство ги следи настаните поврзани со лидерот на комуната Family и убиството на актерката Шерон Тејт.

Сепак, познато е дека ДиКаприо нема да го глуми неодамна починатиот злосторник. Ова е негова нова улога во филм од Тарантино, и прва филмска улога после освојувањето на Оскар за најдобра машка главна улога во филмот The Revenant. Претходно, славниот режисер и познатиот актер соработуваа во 2012 година, на филмот Django Unchained.

ДиКаприо во филмот ќе глуми еден остарен актер, додека неговата колешка од The Woolf Of Wall Street, атрактивната Маргот Роби, ќе ја глуми убиената актерка Шерон Тејт, во тоа време бремена од режисерот Роман Полански.

Моментално се водат преговори дали на ДиКаприо во филмот ќе му се придружи и Том Круз, а претходните преговори со Бред Пит наводно паднале во вода. Тарантино му понудил улога и на легендарниот актер Ал Пачино, која самиот режисер ја напишал специјално за него. Потврдено е дека еден од продуцентите ќе биде Дејвид Хејман, кој ги продуцираше филмовите со Хари Потер.

Овој филм ќе биде деветто режисерско остварување на Тарантино, а ќе почне да се снима ова лето во Лос Анџелес. Премиерата треба да биде на педесетгодишнината од убиството на Тјет четворица нејзини пријатели, кое се случи на 9 август, 1969 година.