ДиКаприо, друже, по мешево вака, да не има ново?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Славната холивудска актерска ѕвезда и еколошки активист Леонардо ДиКаприо веќе подолго време е во врска со 23 години помладата манекенка Камила Мороне, а деновиве уживаа во романтичен заеднички одмор на Карибите каде што беа снимени од папараците.

Размениле нежности додека пливале на плажата во Св. Бартс, а Лео не ги трга рацете од Камила. И покрај љубопитните погледи на минувачите и фотографите, парот се бакнува во плиткото, а подоцна се вози на џет ски.

На крајот тие се забавуваа со пријателите на плажа со храна и танцување.

Иако Камила мамела воздишки со својата беспрекорна бикини линија, многумина забележале дека Лео повеќе не е во форма и се дебелее.

Манекенката и актерот се во врска од декември 2017. Заедно се појавија на доделувањето на Оскарите во февруари, а актерот на една манифестација беше придружуван од девојка за прв пат по 2005 година, кога друштво му правеше Жизел Бундхен.