ДИК: Нема промена во мандатите, новите пратеници до среда ќе ги добијат уверенијата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новоизбраните пратеници до среда, 28 декември, ќе ги добијат уверенијата за пратеници, а во истиот рок и Собранието ќе го добие и конечниот извештај за предвремените парламентарни избори на 11 декември.

На синоќешната конференција за медиуми, која се одржа со речиси тричасовно задоцнување, Државната изборна комисија соопшти дека по прегласувањето во избирачкото место 2011 во Теарце нема промена на освоените пратенички мандати – ВМРО ДПМНЕ освои 51 пратеник, СДСМ 49, ДУИ 10, БЕСА 5, Алијанса за Албанците 3 и ДПА 2. ДИК доцнењето го оправда со подготвувањето на записникот 21 од Општинската изборна комисија за конечните резултати во општината Теарце.

Рокот за конституирање на Собранието е до 31 јануари, а потоа, до 20 јануари треба да се избере новата влада. Никола Груевски, претседателот на ВМРО ДПМНЕ ќе го добие мандатот за формирање на нова влада. Груевски ќе се обиде да обезбеди собраниско мнозинство за да формира влада.