ДИК ја направи жрепката – еве како ќе бидат позиционирани по реден број партиите на гласачкото ливче


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Државната изборна комисија ја одржа жрепката за рангирање на политичките партии на гласачките ливчиња на изборите на 17 октомври.

Партиите се тркаат во коалиции и сами, во зависност од општините и претходните договори. Листата вклучува вкупно 122 партии, коалиции, кандидати и независни листи. ДИК соопшти дека еден ден пред изборите, можат да гласаат и лицата со одлука за изолација, кои ќе треба да се пријават во општинските изборни тела, пет дена пред денот на изборите.

Рангирање на гласачкото ливче:

1.Граѓанска опција за Македонија
2.Движење „Решени за промена“
3.Демократска унија за интеграција
4.Коалиција „Сите заедно“ составена од ДУИ, АА и ААА
5.Алијанса за Албанците
6.Алијанса за Албанците и Алтернатива
7.ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „Обновување на Македонија“
8.Демократска партија на Турците на Македонија
9.СДСМ
10.Алтернатива
11.ДПА
12.Коалиција „Најдоброто за мојата општина“, предводена од СДСМ
13.Партија за турското движење во Македонија
14.ВМРО – Народна партија
15.Левица
16.Движење Беса