ДИК излезе со првични резултати – СДСМ 49, ВМРО ДПМНЕ 51 мандат


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Победник на вчерашните предвремени парламентарни избори се ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија со освоени 51 пратеничко место во новиот состав на Собранието на Република Македонија, според првичните резултати што вечерва ги соопшти ДИК.

Коалицијата на опозицијата За живот во Македонија предводена од СДСМ освои 49 пратенички места. Следуваат долги и мачни преговарања и пазарења за формирање на собраниско мнозинство со партиите на македонските Албанци.

Во текот на денот веќе почнаа да се прават разни комбинации за можните нови коалиции за формирање на собраниското мнозинство за формирање нова влада. Во секој случај прогнозите се дека новата влада нема да има стабилно собраниско мнозинство.

Кај албанскиот политички блок, најголеми губитници се ДУИ и ДПА. Партијата на Али Ахмети освои 10 пратенички места (во претходниот пратенички состав имаа 19 пратеници). Партијата на Мендух Тачи освои 2 пратенички места, наспроти седумте пратеници во претходниот собраниски состав.

На сцената се појавија два нови политичка субјекти – Беса и Алијансата на Албанците (Движење за реформи на ДПА и Унитети). Овие партии и коалиции за време на кампањата одрекуваа каква било можност за коалицирање со ДУИ и со ВМРО-ДПМНЕ. Мендух Тачи, лидерот на ДПА, вчера по изборниот неуспех најави дека ќе се повлече од претседателската функција и рече дека неговата партија ќе ја поддржи Беса.