ДИК ги врачи уверенијата за пратенички мандати на партиски претставници


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Државната изборна комисија им ги врачи уверенијата за пратеничките мандати на овластените партиски претставници од партиите. Коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ доби 51 мандат, СДСМ и коалицијата 49, ДУИ има 10 мандати, движењето БЕСА 5, Алијанса за албанците 3 , а Демократската партија на албанците 2.

ДИК до Собранието го достави и извештајот од изборите, по што Трајко Вељаноски најдоцна до сабота на полноќ треба да ја свика конститутивната седница и според последните измени во деловникот за работа на Парламентот, ќе претседава со неа.

Претседателот на државата е должен, во рок од 10 дена од конституирањето на собранието, мандатот за состав на новата влада да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.

Мандаторот, пак, во рок од 20 дена, до парламентот поднесува програма и го предлага составот на Владата.