ДИК ги потенцира двата клучни услови за успешен референдум


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Двата едноставни и клучни услови за успешност на референдумот се половина од запишаните избирачи плус еден да излезат на гласање, и половина од излезените плус еден да гласаат „за“. Тие две нешта мора да бидат исполнети на претстојниот консултативен референдум на 30 септември, објаснија од ДИК на нивниот брифинг.

На новинарско прашања дали има разлика во условите кои треба да се исполнат кога референдумот е обврзувачки, од ДИК посочуваат дека има разлика, а тоа зависи за што се распишува.

Кога има задолжителен референдум потребно е апсолутно мнозинство, односно 50 отсто плус 1 од гласачите треба да се „за“. Тоа е во случај на менување граница, стапување во сојуз со други држави, за конфедерација. Во иднина, посочуваат, кога ќе ги завршиме разговорите по поглавјата за пристап во ЕУ повторно ќе мора да организираме референдум за членство, тогаш би бил задолжителен референдум со апсолутно мнозинство, а за НАТО веќе има донесено одлука Собранието во 1993 година.

Потврдија дека молкот пред референдумот е 48 часа. Приемот на материјалите ќе биде во просториите на ДИК. Резулатите за излезноста, на денот на референдумот, ќе бидат соопштувани шест пати.

Во ДИК очекуваат во иднина да се усогласат Законот за референдум и Изборниот законик. Нагласуваат дека тие не можат да кажат дали референдумот ќе биде успешен или не, туку ДИК, велат, ги соопштува резултатите и од гледна точка на техничкиот аспект.