Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Досегашниот претседател на Куба, 63-годишниот Мигел Дијаз-Канел, доби нов петгодишен мандат како прв човек на земјата.
Поддршка за Дијаз-Канел, кандидатот на тамошната Комунистичка партија, изрази кубанското национално собрание.
Дијаз-Канел сега очекува да продолжи со тешката работа во земјата која минува низ веројатно најтешката економска криза во изминатите триесет години, со галопирачка инфлација и растечки бран на емиграција.
На сето тоа влијаеше заострувањето на американското ембарго, но и пандемијата и структурната слабост на домашната економија.
Незадоволството на локалното население е поттикнато од се поголемиот недостиг од храна, лекови и многу други основни животни потреби.
Дијаз-Канел ги наследи Фидел и Раул Кастро на чело на Куба и со тоа, по револуцијата, стана првиот лидер на оваа карипска земја надвор од кругот на семејството Кастро.