Диего Коста јадеше тора среде натпревар, еве што му порача Конте!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Челзи минатото коло ја обезбеди титулата во Премиер лигата, а синоќа играше против Ватфорд заостанат меч, кој поради околностите имаше ревијален карактер.

Очекувано, Конте на теренот испрати комбиниран состав, а Диего Коста повторно беше во центарот на вниманието иако остана на клупата за резерви.

Имено, напаѓачот во еден момент им рекол на соиграчите дека е многу гладен и заминал во ресторанот, каде добро се нагостил.

Новинарите веднаш го информираа Конте на пресконференцијата кој не можеше да верува.

„Не можам да верувам, а што јадел?“, праша Конте, а кога дозна дека јадел торта низ смеа порача дека ќе го казни затоа што не ја поделил со него.

„Ако станува збор за чоколадна торта тогаш навистина сум му многу лут . Мораше да помисли и на мене и да ја подели тортата. Се мачев на теренот и одлично ќе ми дојдеше малку торта или чоколадо. Следниот пат мора да ја подели торатата или ќе биде казнет“, изјави Конте.