Диего Коста флертува со Милан: Фантастичен клуб!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Напаѓачот на Челзи, Диего Коста уште еднаш потврди дека ова лето ќе го напушти Челзи и сака да се пресели во клуб каде што ќе има загарантирано место во тимот.

Бразилецот со шпански пасош има договор со „сините“ до 2019 година и вели дека сега се е во рацете на англискиот клуб.

„Клубот мора да одлучи што ќе прави со мене бидејќи имам договор на уште две сезони. Морам да ја почекам одлуката на раководството. Наскоро ќе ја одлучам мојата иднина“, изјави Коста по натпреварот со Македонија.

Диего Коста сака да се врати во Атлетико Мадрид, но „јорганџиите“ имаат ембарго за трансфери, па поради тоа „флертува“ со Милан, кој е заинтересиран за неговиот потпис.

„Не сакам да одам во некој клуб каде што ќе седам на клупа. Спремен сум да го напуштам Челзи, но само под услов да играм. Милан е фантасатичен клуб со импресивна историја“, истакна Коста.