Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Италијанските и шпанските медиуми пренесуваат дека капитенот на Атлетико Мадрид Диего Годин веќе се договорил со италијанскиот гигнат Милан.
Договорот на Годин со Атлетико Мадрид истекува на крајот на сезоната, а двете страни не можат да најдат заеднички јазик за продолжување на соработката.
32-годишниот дефанзивец е слободен да преговора со заинтересираните клубови и веќе постигнал комплетен договор со Милан.
Тој ќе може да потпише преддоговор со „росонерите“ во јануари и да се пресели на „Сан Сиро“ следното лето како слободен агент.
Сепак, Милан сака да го донесе Годин уште оваа зима, па ќе се обиде да се договори со Атлетико да го добие дефанзивецот за „симболична“ сума.
Доколку „јорганџиите“ не се согласат да го пуштат својот капитен во јануари, Годин на лето како слободен агент ќе се пресели во Милан.
Transfer News: #Atletico captain #Godin agrees to January move to #ACMilan https://t.co/2pNucmoi9c pic.twitter.com/oWYL38yslh
— CalcioMercato (En) (@CmdotCom_En) November 28, 2018