Дибиров откри каква била реакцијата на играчите кога Самсоненко соопштил дека заминува


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ситуацијата во нашиот најдобар и моментално најуспешен ракометен клуб од светски ков, Вардар, сè уште не е целосно јасна, но сега има добри најави за разлика од оние што ги слушавме пред неколку недели.

Кога Сергеј Самсоненко соопшти дека го напушта Вардар ситуацијата не изгледаше добро. Меѓутоа за среќа сега има позитивни најави за притистигнување на спонзори во Вардар кои ќе помогнат македонскиот ракометен бренд да се одржи понатаму на највисоко ниво.

Сега Тимур Дибиров при гостување во тв шоуто „Еден на Еден“ откри како играчите се чуствувале во моментот кога до нив стигнала веста дека Самсоненко си заминува од клубот.

Во разговорот со водителот Жарко Димитриоски, Дибиров одговори дека сите биле во шок и изненадени.