Дибала се расплака на неговиот последен натпревар за Јувентус


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Паоло Дибала вчера го одигра својот последен натпревар во дресот на Јувентус во Торино. „Старата дама“ на свој терен ремизираше против Лацио (2:2).

Јувентус против Лацио имаше водство од 2:0, меѓутоа Лацио се врати, а голот за изедначување го постигна Сергеј Милинковиќ Савиќ во последните моменти од натпреварот. Паоло Дибала на теренот беше до 78. минута кога Алегри го замени, а тогаш Аргентинецот плачеше како ретко кога во животот. Во Јувентус Дибала пристигна од Палермо во 2015 година.