Advertisements
Спорт

Дибала има клаузула во новиот договор: Еве за која сума може да замине!

Пауло Дибала блеска во дресот на Јувентус и е трансфер мета на најголемите европски клубови, но Аргентинецот денес ќе потпише нов договор со „старата дама“.

Сепак, потпишувањето на новиот договор не значи и сигурно останување бидејќи во него ќе има откупна клаузула, што е новитет кој го откриваат медиумите.

Агентите на Дибала денес пристигнаа во Торино и Аргентинецот ќе стави потпис на нов договор до 2021 година, според кој ќе заработува 7,5 милиони евра по сезона, исто колку и Игуаин.

Откупната клаузула во договорот изнесува 150 милиони евра, од кои во случај на активирање 135 ќе завршат кај Јувентус, а 15 милиони кај Дибала и неговиот агент.

Тоа зчачи дека Реал Мадрид или Барселона следното лето ќе можат да го купат Аргентинецот за 135 милиони евра, доколку самиот фудбалер се откаже од неговиот дел.

Нешто слично се случи минатото лето се Миралем Пјаниќ кој имаше откупна клаузула од 38 милиони евра, од кои 32 беа за Рома и 6 за фудбалерот. Меѓутоа Босанецот се откажа од својот дел за да премине во Јувентус.

Advertisements
To Top