Дибала го напушта Јуве, се сели во Шпанија!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери на Јувентус, Пауло Дибала, по завршувањето на сезоната би можел да го напушти Торино и да се пресели во Шпанија.

Според пишувањата на „Мундо Депортиво“, Дибала на лето ќе направи сензационален трансфер и ќе се пресели во некој од шпанските гиганти, Реал Мадрид или Барселона.

Овој 23-годишен фудбалер се уште го нема договорено продолжувањето на соработката со „старата дама“, па иако двете страни потврдија дека се блиску до договор, сепак главен проблем е интересот на Реал и Барса.

Неофицијално, каталонскиот гигант веќе имал неколку средби со 23-годишниот фудбалер, кој следната сезона би можел да се приклучи на големото трио, Меси-Суарез-Нејмар.

„Мундо Депортиво” открива дека за трансферот на овој млад играч е задолжен и Лионел Меси, кој во својот сонародник гледа свој наследник.

Сепак, Реал Мадрид е спремен да направи се за да го донесе Дибала на „Сантиаго Бернабеу“ и до крај ќе се бори за неговиот потпис.