Ди Марцио открива: Наполи тргнува по Елмас


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најпознатите италијански новинари, и секогаш добро информираниот Џанлука Ди Марцио ја пренесува дека Наполи е силно заинтересиран за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Македонскиот „дијамант“ одигра уште една одлична сезона во дресот на Фенербахче и се етаблираше во еден од најголемите таленти во Европа.

За него интерес покажаа многу големи европски клубови, но последните инормации говорат дека најконкретен е интересот на Наполи.

Анчелоти е голем симпатизер на играта на Елмас и смета дека ќе биде идеална замена за Хамшик, кој во јануари го напушти Наполи.

Новинарот на „Скај Италија“,Џанлука Ди Марцио пренесува дека Наполи почнал да работи на трансферот и е спремен во наредните денови да испрати конкрентна понуда до Фенербахче.

Раководството на Наполи сака што е можно побрзо да го договори трансферот со цел да ја победи големата конкуренција, пред се на Лацио и Зенит кои покажуваат најголем интерес во моментов.

Ова значи дека од следната сезона би можеле да гледаме уште еден Македонец во Серија А и тоа во клуб кој се бори за највисоки цели.