Ди Марија сам му се нуди на Атлетико Мадрид


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шпанските медиуми тврдат дека Анхел ди Марија му се јавил на Диего Симеоне и му кажам дека е отворен за преселба во неговиот Атлетико Мадрид.

Весникот „АС“ тврди дека Ди Марија му потврдил дека сака да се пресели во Мадрид, вест што Симеоне ја примил со воодушевување.

Ди Марија оваа сезона во ПСЖ падна во втор план и сака да ја промени средината. „Светците“ нема да му стојат на патот, особено поради фактот што мораат да продадат некои фудбалери поради Финансискиот фер-плеј.

ПСЖ за неговата слобода бара сума помеѓу 40 и 45 милиони евра, што за „јорганџиите“ нема да биде проблем со оглед на фактот што ќе го продадат Гризман.

Проблем за Атлетико Мадрид може да претставува само големата плата од 10 милиони евра, но наводно Аргентинецот е спремен да прифати помали примања само за да се врати во Шпанија.