Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Леонардо ди Каприо мораше да ја предаде на федералните агенти статуетката од Оскарот која која му припаѓала на Марлон Брандо.
Награда која оригинално му беше доделена на Марлон Брандо, а подоцна подарена на Ди Каприо, ја предаде на федералните агенти како доказ во случајот со глобалниот скандал за корупција во која се вмешани филмските продуценти и малезискиот премиер Наџиб Разик.
Филмот „Волкот од Вол стрит,“ во кој Ди Каприо има главна улога, е финансиран од продуцентската куќа „Ред грант филм“. Еден од сопствениците на студиото Раз Азизиу е очув на премиерот на Малезија, Наџиб Разик.
Парите кои требале да одат во фондот за економски развој во Малезија, отишле во продуцентската куќа и вложен е во создавањето на филмот „Волкот од Вол стрит“. Парите требале да се вратат назад на граѓаните, а тие се вложувале во инфраструктурни проекти.
Сега властите се обидуваат да ги вратат парите во фондот така што продаваат сè што е купено со нив. Иако малезискиот премиер тврди дека не направил ништо лошо, Ди Каприо прифатил да соработува со американските власти.