Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Холивудската ѕвезда Џулија Робертс пристигна во Белград, каде ќе помине неколку дена со својот сопруг Даниел Модер и со своите деца Хејзел, Финејс Волтер и Хенри Даниел, пишува весникот „Вечерње новости“.
Неофицијално, светски познатата актерка пристигнала во Белград тајно, без претходна најава. Всушност, таа го придружува својот сопруг, сценарист, оператор и режисер, кој работи на еден проект во Белград. Според договорот кој го потпишал, тој се обврзал да не дава никакви информации додека филмот не биде завршен. Семејството престојува во хотел на Студентскиот плоштад во српската престолнина.
Во петокот и во саботата Џулија и нејзиното семејство јаделе во ресторан „Смоквица”, чии келнери во почетокот дури не ја препознале.
„Таква е како што изгледа на телевизија. Скромна, нормална и мирна. Никој не ја позна, немаше чувари, седеа во мирна семејна атмосфера. Пријатно беше да ги гледаш“, велат келнерите.
Според весникот „Блиц“, вчера во Белград пристигнала и Деми Мур. Некои српски медиуми наведуваат дека таа ќе остане неколку дена во врска со „работни задолженија”, а други – дека дошла во приватна посета.