Џулија Робертс открива каков мрачен крај требало да има филмот Pretty Woman


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Иако е снимен во веќе далечната 1990 година, за многумина филмот Pretty Woman уште е една од омилените романтични филмски драми, но можеби тоа немаше да биде така ако филмот завршеше онака како што првично планирале авторите.

Пред да стане романтичен љубовен филм кој Џулија Робертс ја вивна во светот на холивудските ѕвезди, сценариото за филмот беше насловено 3.000, а за ликот на Вивиен филмот воопшто немал среќен крај.

„Тоа беше многу мрачен филм и крајот беше многу тежок“, открива актерката Патриша Аркет, која исто така била на аудиција за главната улога. Овој факт го потврди и Џулија Робертс.

„Ако се сеќавам добро, во последната сцена Вивиен требаше да биде исфрлена од автомобил, да бидат фрлени пари на неа и да биде така оставена на валканата улица“, раскажа Робертс за списанието Variety.

Иако ја добила улогата во 3000, таа призна дека никогаш не би сакала да глуми во таа верзија од филмот.

„Не го можев тоа тогаш, не би го можела ни сега. Фала Богу што таа верзија пропадна“, заклучи Џулија.

За среќа, сценариото за филмот го презеде продукцијата Disney, која го смени крајот и овозможи оваа приказна да има среќен крај за ликот кој го играше Робертс, а сето останато е историја.