Џудо Клуб „Сеишин” со 21 медал на Државното првенство


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вчера во Прилеп спортска сала на ООУ „Добре Јованоски“ се одржа Државно Првенство за помлади пионери-ки и кадети-ки во џудо.

Првенствата беа во органнизација на Џудо Федерацијата на Македонија и техничка организација на Џудо Клубот СЕИШИН-Прилеп.

На овие Првенства настапија вкупно 18 клубови со околу 200 натпреварувачи. Џудо Клубот СЕИШИН-Прилеп настапи со вкупно 26 натпреварувачи а освоено се 21 медал (6 златни, 6 сребрени и 9 бронзени).

Резултати поединечно:

ПОМЛАДИ ПИОНЕРИ:
1. Сеадин Рустемоски кат. -46 кг. 1-во место
2. Никола Магдески кат. -42 кг. 2-ро место
3. Димитри Џокоски кат. -55 кг. 2-ро место
4. Даниел Каралиоски кат. -30 кг. 3-то место
5. Стефан Врглески кат. -50 кг. 3-то место
6. Давор Најдоски кат. -27 кг. 3-то место

ПОМЛАДИ ПИОНЕРКИ:
1. Теа Настоска кат. -28 кг. 1-во место
2. Теодора Тасеска кат. -48 кг 1-во место
3. Анастасија Кузманоска кат. -24 кг. 2-роместо
4. Матеа Дамческа кат. -44 кг. 2-ро место
5. Теона Настоска кат. -28 кг. 3-то место

КАДЕТИ:
1. Јован Најдоски кат. +90 кг. 1-во место
2. Марио Цинцароски кат. +90 кг. 2-ро место
3. Христијан Тошески кат. -90 кг. 2-ро место
4. Марко Тодорчески кат. -55 кг. 2-ро место
5. Валентин Димитриоски кат. -81 кг. 3-томесто
6. Андреј Трајкоски кат. -55 кг. 3-то место
7. Орде Трајкоски кат. -73 кг. 3-то место

КАДЕТКИ:
1. Магдалена Најдоска кат. -44 кг. 1-воместо
2. Наталија Столеска кат. -52 кг. 3-то место
3. Фросина Стеваноска кат. -63 кг. 3-томесто

Одлични борби прикажаа и дебитантите кај Помладите пионери (Борис Џагадуроски, Петар Врглески, Даријан
Мицкоски) и Пионерките кои настапија за Кадетки (Вероника Белушанец и Леона Настоска) но не успеаја да изборат место на пиедесталот.