Home Спорт Џудистката Реџепи сепак ќе го вее македонското знаме на отворањето на Олимпијадата во Токио

Џудистката Реџепи сепак ќе го вее македонското знаме на отворањето на Олимпијадата во Токио

Македонската џудистката Арбреша Реџепи сепак ќе биде дел од официјалната церемонија на свеченото отворање на Летните олимписки игри во Токио. Според последните информации кои пристигнуваат од Јапонија, Реџепи имала пет негативни тестови на корона вирус и добила дозвола да излезе од изолација.

Таа заедно со Дејан Георгиевски ќе бидат на чело на македонската експедиција која ќе продефилира на отворањето на игрите.

Вчера Арбреша Реџепи беше упатена во карантин поради контакт со лице позитивно на корона вирус, кое го имала на аеродромот во Франкфурт на патот кон Токио.

– По интервенција на МОК, Арбреша Реџепи ќе може да присуствува на вечерашното отворање на ОИ и ќе го носи македонското знаме на церемонијата на отворање на Игрите. Арбреша Реџепи, со одлука на ИОК/Организациониот комитет ТОКИО 2020, не е повеќе под надзор заради близок контакт со заразен од КОВИД-19 и таа ќе ја има честа да биде прва спортистка, Олимпијка која ќе го носи македонското знаме на отворањето на летните Олимписки игри! – стои во соопштението на Македонскиот олимписки комитет.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…