Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонската џудистка Арбреша Реџепи во првата борба на нејзиното деби на Олимпијадата во Токио го заврши настапот на игрите.
Реџепи издржа само една минута во своето деби на Олимписките игри. Таа утринава во категоријата до 52 килограми загуби (11:0) од Челси Џил од Велика Британија со ипон во првата рунда.
Од осумте македонски натпреварувачи на Олимпијадата во Токио, своите настапи покрај Реџепи ги завршија уште и Борјан Бранковски кој вчера се пласираше на 21. место во квалификациите во стрелаштво – воздушен пиштол 10 метри, како и пливачот Филип Деркоски кој го исплива своето најдобро лично време, но заврши на последното место во квалификациите на 400 метри слободно.
Следен Македонец кој ќе се појави на борилиштата во Токио е Георгиевски Дејан, (таеквондо) во категоријата +80 кгр. Неговиот настап е предвиден за 27 јули.