Џони, друже, што си таков?!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Обожавателите на култната актерска икона од светот на холивудскиот шоубизнис, Џони Деп, на социјалните мрежи изразуваат сериозна загриженост за неговата здравствена состојба поради изгледот кој го има тој на новообјавените фотографии.

54-годишниот Џони Деп периодов има турнеја низ светот со неговиот бенд „Hollywood Vampires“, а последен во низата градови што ги посети му беше Берлин.

Американската ѕвезда делеше автограми и се фотографираше со фановите во германската престолнина, но неговиот изглед ги загрижи сите.

Актерот е преслаб и изгледа бледо и истоштено.

Неодамна во медиумите протекоа и фотографии на кои Џони позира со фанови и исто така изгледа непрепознатливо. Еден од низата коментари на социјалните мрежи на загрижените фанови беше: „Џони Деп е преслаб, мислам дека мојот херој е болен.“

Дали станува збор за некоја болест, лош начин на живот или за улога во некој нов филм, останува мистерија.