Џони Деп тужен од бившите телохранители: „Му ја бришевме дрогата од лицето“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Јуџин Ареола и Мигел Санчез, бивши телохранители на холивудската легенда Џони Деп кои со години работеа за него, го тужат актерот поради долгови и невозможни услови за работа.

Ареола и Санчез тврдат дека Деп се променил во април, 2016 година, кога престанал да им плаќа за прекувремените работни часови.

За Деп работеле и претходно, како вработени во компанијата Premier Group International, а од 2016 година станале негови лични телохранители. Но, таа позиција подразбирала и многу други обврски, па Ареола и Санчез биле возачи и дадилки на семејството и пријателите од Деп.

„Бевме принудени да работиме како возачи и секојдневно моравме да ги возиме автомобилите кои беа полни со недозволени супстанци“, се наведува во тужбата.

Тие, понатаму, обвинуваат дека Деп не им дозволувал да земат пауза за одмор и ручек, а меѓу другото, се потсетуваат на моментите во кои на Деп, во еден ноќен клуб, му ја бришеле дрогата од лицето за другите луѓе во клубот да не го видат таков.

Потсетуваме, во 2016 година Деп го напушти и неговата сопруга Амбер Херд. Славниот актер досега се нема огласено за ништо.