Џони Деп се извини: Луѓе, само се шегував и сакав да ве забавувам!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Откако пред два дена пред публиката на фестивалот Гластонбери во Велика Британија говореше за убиство на американскиот претседател Доналд Трамп, актерот Џони Деп се извини поради муабетите кои ги кажа.

Деп ја праша публиката на фестивалот: „Кога последен пат актер убил претседател? Не за долго, можеби е време?“

„Се извинувам поради невкусната шега која ја кажав за претседателот Трамп. Не го кажав тоа како да имам некоја конкретна намера. Само се обидував да ја забавувам публиката, а не да навредам некого“, изјави Деп, кој инаку е познато дека не е обожавател на Трамп како претседател.

Актерот и претходно го нарекуваше Трамп „детиште“ и велеше дека „му треба помош“, но неговите посследни муабети посебно ја вознемирија американската јавност. Со оглед на тоа дека заканите кон претседателот во САД се казниви со затвор или парична казна, Деп ја спушти топката и се извини пред да се крене поголема прашина околу сето тоа.

Белата куќа ги осуди зборовите од актерот и ги повика останатите славни личности во Холивуд да проговорат „против тешката реторика која е директно насочена кон претседателот кој е дем

За потсетување, Деп зборуваше за убиство на претседателот по примерот на она кое го изврши Џон Вилкис Бут кога го уби американскиот претседател Абрахам Линколн на 14 април, 1865 година, во театарот Форд во Вашингтон.