Џони Деп непрепознатлив во Белград


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Славниот холивудски актер Џони Деп во рамки на неговиот нов филм моментално снима во соседен Белград. А за потребите на новата улога толку е изменет што никој не го препознава во српската престолнина.

55-годишниот Деп моментално е во Белград каде го снима филмот „Минамата” , во кој ја игра главната улога. Тој за улогата на фоторепортерот Вилијам Јуџин Смит целосно го смени изгледот, се здебели и пушти брада, така што е речиси апсолутно непрепознатлив за обожавателите и јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ༼DEPP _IN _MY _HEAD♛☴☰③༽ (@depp_in_my_head) on

Според медиумите, Џони Деп снима и по 15 часа дневно. Тој е сместен во луксузен хотел во Белград, во апартман кој чини неколку илјади евра дневно и цело време е во придружба на лични асистенти.

Интересно е тоа што за филмот нема да добие хонорар. Деп бил дециден дека не сака околу него да има фанови или фоторепортери и новинари и посакал единствено да се види со режисерот Емир Кустурица, и тоа на пауза од снимањето.