Џони Деп најави дека ќе снима музички албум со славниот гитарист Џеф Бек


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Една недела по добивањето во своја корист на судскиот спор со бившата сопруга Амбер Херд, Џони Деп објави дека ќе снима албум со легендарниот англиски гитарист Џеф Бек. Албумот насловен „18“ ќе содржи 13 песни, од кои повеќето обработки. Тој ќе излезе на 30 септември.

„Се шегувавме дека се чувствуваме како повторно да имаме 18 години, па оттука и насловот на албумот“, изјави 77-годишниот Бек.

На албумот ќе има песни од „Велвет андерграунд“, Марвин Геј, „Бич бојс“…, а Деп придонесе и со две оригинални песни.

Деп, кој е член на рок групата „Холивуд вемпајрс“ заедно со Алис Купер и Џо Пери, ја почна соработката со Бек пред три години и додека ја чекаше судската пресуда, му се придружи на неколку концерти од британската турнеја.